Баниран играч
Играч кој привремено изгубил пристап до неговиот профил заради користење баг или нарушување на правилата. Казната може да продолжи до 24, 168, 720 часа или цела година. Казнетите играчи имаат икона со црвен X и можат да бидат напаѓани.
Казна при напад
Загуба на поените на параметарот на напад поради напаѓање надвор од опсег - 3% за секој 0,1 коефициент разлика надвор од дозволениот опсег на нето економски поени x2, важи само во случаите кога напаѓачот е поголемиот профил.
Како да играм?
Официјално комплетно упатство за Империја Онлајн. Ја содржи целата детална информација којашто може да му притреба на играч, организирана во модули и теми.
Камата од банка
Процентот на дополнително злато коешто го добива играчот од депозити на злато во банката. Каматата се зголемува преку нивоа [[651Депозирање]. Максималната камата за краткорочен депозит е 10% и за долгорочен - 20%.
Камен
Произведено од вработеното население во каменоломот. Ккаменот е основниот ресурс за изградба на Тврдини и исто така е потребен и за други градби и истражувања.
Златен еквивалент: 1 камен = 1 злато
Камениот затвор
Глобален настан во световите на Империја Оналјн. Повеќе информација за глобалните настани може да прочитате овде.
Каменоделец
Вештина достапна за Гувернерите после зголемување на ниво. Го зголемува производството на Камен. Ниво 1: +2% производство; Ниво 2: +4% производство; Ниво 3: +6% производство; Ниво 4: +8% производство; Ниво 5: +12% производство
Каменолом
Економска градба.
Вид: Локална, Производство
Предуслови: Архитектура 1
Максимално ниво: 35
Овозможува производство на ресурс Камен. Секое ниво ги зголемува местата за работници во градбата.
Кандидат за двор
Благородник кој сѐ уште не е примен во Императорскиот двор во Дворецот.
Кандидати за брак
Неоженетите членови на Императорската фамилија и членовите од делот "Други роднини" можат да бидат испратени во други Империи со покана за потпишување на династички мир. Предлогот е активен 24 часа и може да биде прифатен, одбиен или само игнориран. Можете да испраќате Големи луѓе ако тие се: полнолетни; претходно немаат стапено во брак; не се надвор од Империјата на мисија; не се обучуваат за зголемување на ниво искуство.
За повеќе информација околу Кандидатите за брак, кликнете овде.
Капацитет на носивост
Параметар на единиците што го одредува количеството на ресурси што една единица, војник или товарна количка можат да ги запленат од непријателска провинција/колонија или независен град.
Капацитет на фарми
Бројот на селани коишто може да ги поддржува провинцијата без загуби на население на час. Фармите се потребни за благосостојба на население. Секое ниво фарми има одреден капацитет. Колку што е понизок капацитетот на фармите во споредба со бројот на население, толку поголеми загуби ќе има, бидејќи фармите не успеваат да го поддржуваат целото население.
Капетан
Воен чин доделен на играч со 35 000-49 999 воени поени.
Капитулација
Ѝ дозволува на дадена Империја да се одбрани самата себеси од нападите на друга за период од 42часа. Во текот на овој период, ниту капитулираната Империја, ниту таа што напаѓа, немаат право да се напаѓаат меѓусебно. Капитулација е возможна само ако не сте го нападнале играчот од којшто планирате да капитулирате во изминатите 12 часа и ако тој Ве нападнал во последните 12 часа. Сите играчи од кои може да капитулирате во моментот се наоѓаат во подменито Други во Командниот центар на тврдината.
За повеќе информација околу капитулацијата, кликнете овде.
Картографија
Истражување коешто влијае на брзината на војска. Го намалува времето за патување на војска, но дури и со највисоко ниво, времето за мисија не може да биде помалку од 2.5 минути.
Касарна за коњаница
Воена градба.
Вид: Локална, Обука
Предуслови: Воена доктрина 1, Напад од блиску 1, Напад од далечина 1, Оклоп 1, Воена подготовка 1, Воени коњи 1
Максимално ниво: 20
Овозможува обука и надоградување на Коњаница. Секое ниво го зголемува Капацитетот за обука на градбата.
Единици што можат да бидат обучени овде:
- Лесен Коњаник
- Тежок Коњаник
- Паладин
- Херојски коњаник
Касарна за пешадија
Воена градба.
Вид: Локална, Обука
Предуслови: Воена доктрина 1, Напад од блиску 1
Максимално ниво: 20
Овозможува обука и надоградување на Мечувалци и Копјенсоци. Секое ниво го зголемува Капацитетот за обука на градбата.
Единици што можат да бидат обучени овде:
- Лесен Копјеносец
- Тежок Копјеносец
- Фаланга
- Херојски копјеносец
- Лесен Мечувалец
- Тежок Мечувалец
- Гардист
- Херојски мечоносец
Касарна за стрелци
Воена градба.
Вид: Локална, Обука
Предуслови: Воена доктрина 1, Напад од далечина 1
Максимално ниво: 20
Овозможува обука и надоградување на Стрелци. Секое ниво го зголемува Капацитетот за обука на градбата.
Единици што можат да бидат обучени овде:
- Лесен Стрелец
- Тежок Стрелец
- Елитен Стрелец
- Херојски стрелец
Касарни
Заеднички израз за сите градби во коишто се регрутираат и обучуваат единици.
Капацитетот на касарните се зголемува за 20% со активирање на Премиум.
Катапулт
Воена единица.
Градба: Опсадни машини
Предуслови: Воена подготовка 8, Опсадни подобрувања 10, Централизација 6
• Вид: Далекострелна, Опсадна машина, Артилерија
• Приоритетно распоредување: Артилериска линија
Воени способности:
+ Голем дострел: Оваа единица има 2 дополнителни Напади во Битка на поле или Напад на тврдина, пред да започне блиската борба
• Неточна: Напад x 0.3 против Пешадија, Коњаница и Опсадни машини
• Зона на штети: Во Битка на поле и Напад на тврдина, нападот на оваа единица пропорционално се распределува помеѓу сите непријателски линии, Крила и Центри (Резервата не е засегната)
• Оперативна посада: Потребно е 50 невработено население за регрутација; зазема 50 места во гарнизон.
За повеќе податоци за единицата погледнете овде.
Коњаница (вид воена единица)
Коњанички единици кои се исклуително ефикасни во Битка на поле, но со ограничен ефект при Опсада на тврдина. Сите единици вид Коњаница се силни против Мечувалци и Стрелци, но не можат да напаѓаат Тврдини за време на Напад на тврдина и трпат казни за време на Запленување на тврдина.
На Коњаницата најдобро ѝ се спротиставувват Копјеносци.
Сите единици вид Коњаница се единици за Блиска борба.
Сите единици вид Коњаница имаат Приоритетно распоредување на Крило на Предната линија.
Сите единици вид Коњаница се обучуваат во Касарните за коњаница.
Заеднички способности на единиците:
+ Јуриш:
+ Блиска борба
+ Коњанички бој
+ Маневри
- Ранливи од Копјеносци
- Кратко оружје
- Јавач
- Недостаток во тесни пространства
Список на единиците:
- Лесен Коњаник
- Тежок Коњаник
- Паладин
- Херојски коњаник
За повеќе податоци за единицата погледнете овде.
Коефициент на брзина
Независно од Империјални милји, брзината на единиците може да биде претставена во коефициент на брзина кој се појавува кога ќе ја испратите војската на мисија. Коефициент на брзина 1 = 80 ИМ на час.
Коефициент разлика
Секој децимален поен над дозволениот опсег x2.
Пример: Ако оној кој напаѓа има 250 000 поени, а оној кој се брани 96 000, опсегот на нето економски поени е х2,6 (250 000 / 96 000), а коефициентот разлика е 0,6 (2,6 - 2).
Колонија
Територијално проширување на Империјата на Глобалната мапа.
Колониите во "Големите луѓе" се однесуваат како припоени провинции. Тие имаат население кое расте. Присутни се повеќе од економските и воените градби, тврдина и одбранбени објекти. Можете да регрутирате и распоредувате војска, да произведувате и транспортирате ресурси. Во колониите игра улога и факторот задоволство.
- Најголемиот негативен модификатор на Задоволство во колониите е растојанието од Империјата - колку е поголемо растојанието, толку повисоки ќе бидат дневните загуби на задоволство.
- Најголемата предност на колонијата се терените со специјални бонуси кои ѝ доделуваат дополнителни бонуси на целата Империја.
За повеќе информација околу колониите, кликнетеовде.
Колонијализам
Истражување кое на владетелот му дава знаење и способност за проширување на Империјата преку колонизирање на нови територии. Секое ниво дозволува основање на една колонија.
Колонијална бирократија
Истражување што ја зголемува ефикасноста на колонииите. Секое ниво ја зголемува ефикасноста на сите колонии за 5% и овој процент не може да надмине 100%.
За повеќе информација околу Колонијалната бирократија, кликнете овде.
Колонијална логистика
Истражување што го зголемува растојанието од Вашата империја до местото на коешто може да биде основана колонија. 1-во ниво дава поле со радиус од 20 Имеријални милји од Престолнината. Секое наредно ниво е поефикасно од претходното со 8% и му додава уште 5 Империјални милји на радиусот.
Колонијална управа
Градба достапна единствено во колониите. Секое ниво ја намалува загубата на задоволство поради оддалеченоста на колонијата од Империјата со 4 поени.
Колонизатор
Вештина достапна за Гувернерите после зголемување на ниво. Го намалува времето потребно за претворање на колонија во Неуништлива. Ниво 1: - 4% време; Ниво 2: - 6% време; Ниво 3: - 10% време; Ниво 4: - 14% време; Ниво 5: - 20% време
Колонизатори
Селаните испратени од припоена провинција или друга колонија кон избрано место на Глобална мапа кои ги носат потребните ресурси за основањето. Тие ги градат првите градби таму и се нејзиното прво население.
Колонизација
Основање на колонија на Глобалната мапа.
За повеќе информација околу процесот на колонизирање, кликнете овде.
Командант
Позиција во сојузот што се грижи за воениот развој на обичните членови, помагајќи им со регрутацијата на војска и водењето битки преку компетентни совети. Тие исто се одговорни за движењето на сојузните трупи. Специјален бонус – 10 Морал, но реалниот износ зависи од статусот на лојалност.
За повеќе информација околу правата и придобивките на командантот, кликнете овде.
Командант на коњаница
Вештина достапна за Генералите после зголемување на ниво. Го зголемува нападот на сите единици Коњаница. Ниво 1: +2% напад; Ниво 2: +4% напад; Ниво 3: +6% напад; Ниво 4: +10% напад; Ниво 5: +15% напад
Командант на пешадија
Вештина достапна за Генералите после зголемување на ниво. Го зголемува нападот на сите единици Копјеносци и Мечувалци. Ниво 1: +2% напад; Ниво 2: +4% напад; Ниво 3: +6% напад; Ниво 4: +10% напад; Ниво 5: +15% напад
Командант на стрелци
Вештина достапна за Генералите после зголемување на ниво. Го зголемува нападот на сите единици стрелци. Ниво 1: +2% напад; Ниво 2: +4% напад; Ниво 3: +6% напад; Ниво 4: +10% напад; Ниво 5: +15% напад.
Коментар
Кратка порака објавена на сопствениот профил или профилот на друг играч. Навредливите коментари можат да бидат пријавени и нивниот автор да биде замолчен.
Контрашпионажа
1. Пресретнување на непријателски шпиони кои се обидуваат да се инфилтрираат во Вашата Империја или прогонување на веќе инфилтрираните. Колку повеќе шпиони имате и колку повисоко ниво на контрашпионажа имате истражено, толку поголема е шансата Вашите противници да не станат љубопитни околу Вашата Империја и побрзо да го дознаете составот на напаѓаѝката војска.
Шпионажата работи по нова формула, што дава еднакви шанси за успех при еднакви нивоа на истражувањата и еднакви бројки на шпионите.
За повеќе информации околу тоа како работи контрашпионажата, кликнете овде.
2. Истражување кое ги развива разузнавачките способности на владетелот во одбрана. Ја зголемува шансата за пресретнување непријателски шпиони како и шансата порано да го дознае составот на напаѓачките непријателски трупи. Кога еден играч е шпиониран, еднократно добива +3 вештачки нивоа контрашпионажа.
Копјеносец (вид воена единица)
Пешадиски единици, евтини и сигурни, со голема Сила на грабеж и Капацитет на носивост. Способни се да го избегнат бонусот од Јуриш на непријателската Коњаница како и ефикасно да се вклучат во нападот против ѕидовите на Тврдината за време на Опсада на тврдина.
На Копјеносците најдобро им се спротиставуваат Стрелците.
Сите Копјеносци се единици за Блиска борба.
Сите Копјеносци се Пешадиски единици.
Лесните и Тешките копјеносци имаат Приоритетно распоредување на Крилата; Фалангите имаат приоритетни распоредување во Центарот на Предната линија.
Сите Копјеносци се обучуваат во Касарната за пешадија.
Заеднички способности на единиците:
+ Долго оружје
- Ранливи од Стрелци
- Недостаток од ракопашен бој
Список на единиците:
- Лесен копјеносец
- Тежок копјеносец
- Фаланга
- Херојски копјеносец
За повеќе податоци за Копјеносците погледнете овде.
Корисничко име
Името со кое е регистриран играчот и кое автоматски станува име на неговата Империја. Регистрацијата на корисничко име во еден свет во Империја Онлајн го заштитува правото за употреба на истото корисничко име во сите светови.
Кредит
Банкарски кредит. Одредено количество злато коешто банката Ви го дава на заем и треба да го исплатите за избран период од време на еднакви рати на секој час или предвремено. Не може да земете друг кредит ако сѐ уште го исплаќате претходниот. Степенот на кредит зависи од производството на Империјата и нивото на банката. Истражувањето Кредитирање ја намалува каматата на кредитите, земени од банката.
За повеќе информација околу кредитите, кликнете овде.
Кредитна рата
Количеството злато коешто Империјата автоматски ѝ го исплаќа на банката секој час.
Крилен напад
Бонус кој може да се добие за време на битка на поле. Уништувањето на противничка дивизија во линијата на стрелците со единици за блиска борба, дава можност за Крилен напад против преостанатите непријатески предни дивизии. Ако војската од една од зоните/дивизиите на предната линија ја уништи војската во спротивната дивизија на противникот, откако ќе ја уништи и војската во спротивната дивизија во линијата на стрелците, војската од таа дивизија започнува да ја напаѓа најблиската до неа противничка дивизија и добива 20 бонус на силата на нападот во следните рундови.
Крило
Страничната зона на првата и втората линија во Битка на поле. Една линија, поделена во зони, има две крила - лево и десно.
Куќи
Градби каде што живее цивилното население. Нивните нивоа го зголемуваат лимитот на население на провинцијата.
Кулата на знаењето
Глобален настан во световите на Империја Оналјн. Повеќе информација за глобалните настани може да прочитате овде.
Кули
Воена градба.
Вид: Локална, Додаток, Одбранбена структура
Предуслови: Опишани подолу
Максимално ниво: 24
Додаток на Тврдина. За време на Напад на тврдина, секоја Кула ги напаѓа непријателските единици. Една кула има Напад 3000 и нема сопствени Животни поени. Нападот на кулата пропорционално се распределува помеѓу нејзините приоритетни цели.
Кога Тврдината е уништена, срушени се и сите Кули. Ако уништената Тврдина е поправена, се поправаат и кулите.
Секоја кула ги напаѓа непријателските единици по приоритет:
- Напаѓачка линија; ако штетата што ја нанесува бранителот е доволна за да ја уништи Напаѓачката непријателска линија што се одделува за да го напаѓа ѕидот, преостанатиот дел од штетите ќе им биде нанесен на Тараните и Пешадијата од Предната линија
- Артилериска линија
- Линија на стрелци
- Коњаница од Предната линија
Секоја Тврдина може да има максимален број Кули во зависност од своето ниво:
Тврдина ниво 3 - 1 Кула
Тврдина ниво 4 - 2 Кули
Тврдина ниво 5 - 4 Кули
Тврдина ниво 6 - 6 Кули
Тврдина ниво 7 - 12 Кули
Тврдина ниво 8 - 18 Кули
Тврдина ниво 9 - 24 Кули
Кога Тврдината е надоградена, се зачувуваат Кулите кои моментално ги има.
За повеќе информација околу Кулите, кликнете овде.
Купени дијаманти
Дијамантите кои сте ги купиле користејќи некој од методите за плаќање, изброени во подменито Купи дијаманти во мени Премиум. Купените дијаманти може неограничено да се користат за сите платени поволности и функционалности, вклучувајќи и нивно донирање во сојузната ризница, испраќање на дијаманти како подарок на друг играч за време на сесија за подароци, како и за нивно пренесување во различни светови во рамките на Вашиот глобален профил.