Игнориран играч  

Играч кој не може да му испраќа приватно пораки на играчот кој го игнорирал. Игнорираните играчи можат да се видат во Подесувања >> Игнорирани.

Игнорирани  

Список со сите игнорирани играчи од страна на играчот.

Игра на среќа  

Се наоѓа во Таверната. Во играта на среќа се учествува со талони, купени со злато еднакво на 1-часовно производство на Империјата или со 850 дијаманти. Бројот на купените талони е неограничен. Среќниот добитник, еден за сите светови, се извлекува секој час. Добитникот е награден со злато еднакво на неговото 100-часовно производство. Наградата од Играта на среќа се добива со отварање на ковчегот кој се наоѓа во мени Инвентар / подмени Резерви. Доколку има повеќе од една награда од Играта на среќа што сѐ уште не сте ја отвориле, можете да отворате по еден ковчег на ден.

Избори  

Избор на лидер преку кандидирање и 24-часовен период за гласање со нето економските поени на членовите. Секој сојузник може да се кандидира до 4 пати.

За повеќе информација околу изборите, кликнете овде.

Извештај  

Класифицирана кратка информација.

Видови извештаи кои постојат во Империја Онлајн: Извештај од битка, Шпионски извештај.

Извештај од битка  

Содржи информација за битка. Се состои од анимирана битка каде што можете да ги видите Вашите трупи како се движат, борат, нанесуваат и претрпуваат штети и текстуален дел во којшто се прикажани почетните и крајните војски и вредностите на морал на двете страни, изгубени нето економски поени, освоени ресурси, чест, воени поени и снабдувачка пратка. Извештаите од битка постари можат да се споделат со други играчи, кога ќе се појави линк за врска во долниот дел на анимираната битка.

Извидник  

Вештина достапна за Императорите после зголемување на ниво Гувернер. Го зголемува радиусот за Извидување. Ниво 1: +4 Империјални милји, Ниво 2: +6 Империјални милји, Ниво 3: +10 Империјални милји, Ниво 4: +15 Империјални милји, Ниво 5: +25 Империјални милји

Извидување  

1. Специјална шпионска мисија која Ви овозможува да добивате извештаи за локацијата на различни видови објекти на Глобалната мапа (специјални ресурси, колонии, трговски и воени станици, собирни пунктови).

2. Истражување што го зголемува растојанието од империјата до коешто можат да стигнат извидничките мисии. Секое ниво го зголемува максималното растојание до коешто можат да стигнат шпионите за 5 империјални милји.

За повеќе информација околу извидување, кликнете [military#military_193]овде].

Издржување  

Параметар на единиците што ја одредува платата која е потребна за една единица на час, за да служи во Империјата/колонијата/воената станица или за да учествува во мисија. Автоматски се одзема од достапното злато во престолнината. Ако немате злато или ако не е доволно, Вашата војска генерира негативно злато. За гарнизоните во Тврдината не е потребно издржување. Издржувањето на војската што патува е поголемо од нормалното. Додека е на мисија, потребно е 1,2 пати поголемо издржување отколку кога е во империјата.

* Во случај бонусите за издржување на војска да надминуваат 90%, ќе имаат максималнен ефект 90%.

За повеќе информација околу издржувањето, кликнете овде и овде.

ИМ  

Империјална милја - единица за растојание во Империја Онлајн.

Император  

1. Императорот е најголемиот помеѓу сите Големи луѓе. Тој владее со целата империја и исто така е и гувернер на престолнината од самиот почеток. Императорот може да зазема и позиција на генерал во напад или одбрана. Како Генерал-заштитник, тој може да ја заштитува престолнината. Како генерал во напад, тој може да испраќа мисии за напад на други играчи или независни градови. Кога императорот е назначен на една од овие позиции, тој добива специјални бонуси, достапни само за него.

За повеќе информација околу Императорот, кликнете овде.

2. Талент поседуван единствено од императорот. Доделува бонус од +10 морал во секој битка и +10 поени дневно задоволство во престолнината (Императорот секогаш е гувернер на престолнината).

Императорска крипта  

Местото во Дворецот каде што им е оддадена последна чест на сите Императори кои владееле со Вашата Империја за време на моменталната сезона.

Императорска фамилија  

Главните лица во Дворецот ја формираат Императорската фамилија. Таа е составена од имепраторската двојка (Императорот и Императорката), нивните деца, заедно со зетовите и снаите, како и внуците и правнуците - до трето поколение директни наследници.

За повеќе информација околу Императорската фамилија, кликнете овде.

Императорски вештини  

Вештини достапни само за Императорот.

Целосен список со императорските вештини може да се разгледа овде.

Империја  

1. Сите поседи на еден владетел.

2. Кратко име за поседите на главната Империја - освоени терени во и околу ексклузивната зона на играчот.

Империја Онлајн Battle Royale  

Ова е целосно индивидуален турнир, чијашто цел е накрај да остане само еден играч. Турнирот е поделен на рунди, а секоја рунда е поделена на военo и мирно време. Во мирно време играчите не можат да се напаѓаат помегу нив, ова е возможно само во воено време. Уникатното во овој турнир е тоа што провинциите се уништливи и друг играч може да биде уништен. За да биде уништена една провинција кон неа треба да бидат испратени доволно успешни напади кои да го намалат нивото на тврдината во неа до 0. Изгубената провинција може да биде припоена повторно, но во почетната состојба на развој. Еден играч може да биде уништен ако нивото на тврдината во неговата престолнина стане 0. Профилот му се блокира, а играчот напаѓач, кој ја извршил битката со која го уништил заштитникот, се наградува со поен за убиство. Елиминација на играчи се извршува и автоматски од системот во зависност од нивното моментално рангирање. Во секоја рунда играчите претходно знаат на каква позиција треба да бидат во рангирањето за да не бидат автоматски елиминирани. Основното рангирање е по нето економски поени. Наградите во турнирот се дијаманти и специјални медали.

Повеќе информација и целосните правила на Battle Royale може да ги пронајдете овде.

Империјален пат  

Специјални инфраструктурни објекти кои ги поврзуваат сите припоени провинции и неуништливи колонии (тие имаат функција на припоени провинции). Секое ниво на овој објект го зголемува и реално искористениот трговски потенцијал помеѓу две соседни провинции за 10%.

Империјален транспорт  

Преместување ресурси помеѓу две припоени провинции во пределите на Империјата (ексклузивната зона на играчот). Империјалниот транспорт се извршува преку Транспортната станица. Количеството на пренесени ресурси зависи од капацитетот на транспортната станица од провинцијата од каде што потекнува. При максимално ниво на Транспортната станица, можете да го преместите целиот достапен ресурс одеднаш. Може да бидат транспортирани само дрво, железо и камен; златото се складира само во престолнината и не може да биде преместено од таму. Во мирни времиња Империјалниот транспорт е моментален, а кога има напад* одзема 2.5 минути помеѓу провинции кои се допираат, а за секоја наредна провинција се додаваат по 2.5 минути.

*Постои следниот исклучок: Опцијата се отклучува под напад кога има драстична разлика помеѓу златниот еквивалент на војската на напаѓачот и златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот.

Империјален трговец  

Пазарна опција којашто дозволува продажба на дрво, железо и камен за злато за провизија од 850 дијаманти. Капацитетот на Империјалниот трговец е глобален, тоа значи дека ако имате 10 провинции со по 1 милион капацитет на Пазарот за секоја, ќе можете да продадете 10 милион одеднаш од една провинција. Капацитетот на Империјалниот трговец одделно се пресметува - ако имате капацитет на Пазарот 20 000 и моментално имате активна понуда на Пазарот за 10 000 ресурси, преку Империјалниот трговец ќе може да продадете 20 000, наместо 10 000. Опцијата не е достапна додека Империјата е под непријателски напад.

*Постои следниот исклучок: Опцијата се отклучува под напад кога има драстична разлика помеѓу златниот еквивалент на војската на напаѓачот и златниот еквивалент на нето економските поени на заштитникот.

Империјални игри  

Овој турнир има 3 изданија - пролетно, летно и зимско. Сојузите што учествуваат во Игрите се натпреваруваат во различни дисциплини, кои покриваат различни аспекти на играта. Дисциплините не се претходно познати и се објавуваат пред почетокот на секоја една од нив. Ако член го напушти сојузот, неговиот резултат за моменталната дисциплина ќе биде изваден од резултатот на сојузот што го напуштил. Ако играчот се придружи во друг сојуз, резултатот ќе биде додаден во резултатот на новиот сојуз. На крајот на секоја дисциплина, сојузите што се рангирале на првите 10 места добиваат поени. Победник во Игрите е сојузот што собрал најмногу поени од сите дисциплини. Наградите во турнирот се дијаманти и специјални медали.

Повеќе информација и целосните правила на Империјални игри може да ги пронајдете овде.

Инвазија на номади  

Ова е најстариот турнир во историјата на играта, одржан за прв пат во 2006 година. Основната цел е играчите да ги заштитат своите империи од множество компјутерски-генерирани номадски напади, кои се испраќаат на определено време. Подготовката и вештината да се изгради добра одбрана пред секој напад е от исклучително значење, бидејќи номадските единици немаат капацитет на носивост, тие секогаш ги запленуваат сите ресурси во опсада на тврдина. Освен тоа, ако номадската војска победи во опсада на тврдина, сите градби на играчот губат по 1 ниво, со тоа што основните поени за нив се одземаат од моменталните нето економски поени на играчот. За секој успешно одбиен номадски напад, играчот добива воен приход во големина од 50% од уништената номадска војска во златен еквивалент, разделен подеднакво помеѓу ресурсите дрво и железо. Секој играч има максимален број животи - 50. За секоја изгубена битка против номади му се одзема по 1 живот. Во случај на загуба на 50-те животи, играчот не може да се натпреварува за големите и специјалните награди. Наградите од турнирот се дијаманти и специјални медали.

Повеќе информација и целосните правила на Инвазија на номади може да ги пронајдете овде.

Инвентар  

Мени кое се отвора преку копчето во горниот десен агол на Главниот екран. Сите ковчези, добиени во играта, се складираат во Инвентар, вклучително и ковчезите добиени од Facebook награди, набавки на Дијаманти, уништување на Варварски кампови и награди од Лотарија.
Можете да пристапите во Инвентарот и да ја добиете содржината на ковчег во секое време. Меѓутоа, секој ден можете да отворите само по еден ковчег од секој вид.
Инвентарот нема граница на содржината. Содржината на Инвентарот е отпорна на непријателски напади и не може да биде загубена.

Инструктор на коњаница  

Вештина достапна за Гувернерите после зголемување на ниво. Го намалува времето потребно за обука на сите единици Коњаница. Ниво 1: - 5% време за обука; Ниво 2: - 10% време за обука; Ниво 3: - 15% време за обука; Ниво 4: - 20% време за обука; Ниво 5: - 30% време за обука

Инструктор на пешадија  

Вештина достапна за Гувернерите после зголемување на ниво. Го намалува времето потребно за обука на сите Мечувалци и Копјеносци. Ниво 1: - 5% време за обука; Ниво 2: - 10% време за обука; Ниво 3: - 15% време за обука; Ниво 4: - 20% време за обука; Ниво 5: - 30% време за обука

Инструктор на стрелци  

Вештина достапна за Гувернерите после зголемување на ниво. Го намалува времето потребно за обука на сите Стрелци. Ниво 1: - 5% време за обука; Ниво 2: - 10% време за обука; Ниво 3: - 15% време за обука; Ниво 4: - 20% време за обука; Ниво 5: - 30% време за обука

Инфилтрирање  

Шпионите ја поминуваат границата на непријателската Империја и успешно добиваат шпионски извештај.

Искуство на генерал  

Збирот од сите поени искуство што го добил генералот во победнички битки. Искуство се добива за победена битка против други играчи во опсег x2 или против независни градови.
Генералите освојуваат 1 поен искуство против друг играч ако војската што ја водат убие непријателски единици во златен еквивалент (вистинскиот, без да е помножен со 2 за поени) еднаков на нето економските поени на победникот пред битката, поделен со 100.
За напад по независен град генералите добиваат 1 поен искуство ако златниот еквивалент на војската (вистинскиот, без да е помножен со 2) е еднаков на нето економските поени на играчот пред битката, помножени по 1,5.

За повеќе информација околу искуството на генералите, кликнете овде.

Искуство на гувернер  

Збирот од сите [475]поени искуство] што го добил гувернерот за присуство на позицијата. Гувернерите добиваат 2 поени искуство на секои 1.2 минути. Највисокото ниво искуство што може да го достигне гувернер е 20. Императорот има бонус на овој лимит - може да достигне до 30-то ниво искуство.

Гувернерите добиваат искуство само додека се на позицијата па ако ги испратите на мисија или ги отстраните од позицијата, тие нема да добијат поени искуство за времето додека биле отсутни.

За повеќе информација околу искуството на гувернерите, кликнете овде.

Истражување  

Истражувањата се витални подобрувања кои го регулираат и економскиот и воениот напредок. Нивниот ефект е применет на целата Империја. Нивниот развој е поделен на нивоа. Секое ниво го зголемува ефектот на истражувањето, а ефектот е глобален. Според видот, истражувањата можат да се истражуваат во еден од универзитетите: Економски истражувања кои се наоѓаат во Универзитет иВоени истражувања, кои се наоѓаат во Воениот универзитет. Истражувањата исто така можат да бидат истражени и во двете академии: Академија на науките и Академија на воените науки.