Еволуција
Се наоѓа во мени Сала на престолот. Таму ќе добивате статистики за различни аспекти на Вашиот профил, разделени по денови. Информацијата ќе биде на основа на Вашите дејства, извршени само во моменталната сезона на светот.
Единица
Заеднички израз за сите учесници во воениот развој на една Империја, војници и машини. Единиците може да бидат класифицирани по различни начини, како што следува:
- според силата и ефикасноста - лесни, тешки, елитни и херојски;
- според физичката природа - војници и опсадни машини;
- според начинот на движење - пешадија и коњаница;
- според начинот на борба со непријателските трупи – далекострелни и за блиска борба;
- според полето на активност - воени и невоени.
Еднократен модификатор на Задоволство
Фактор со позитивен или негативен ефект врз Задоволството, применет еднократно, додаден или одземен од моменталната вредност на Задоволство само еднаш.
За да го прочитате целиот список со еднократни дневни модификатори, кликнете овде.
Економска градба
Заеднички израз за сите градби што влијаат на економскиот развој на Империјата.
Економска статистика
Економскиот извештај на сојузниците којшто сите офицери и лидери можат да го видат преку мени Сојуз, подмени Членови.
Економско истражување
Заеднички израз за сите истражувања што влијаат на економскиот развој на Империјата.
Ексклузивна зона
Простор од 36 точки на Глобалната мапа резервиран само за сопственикот. Во центарот на ексклузивната зона се наоѓа престолнината на Империјата. Таа е опкружена со 4 слободни терени, кои можат да бидат припоени по мирен пат и 4 независни градови кои можат да бидат запленувани, припојувани или претворани во вазали. Границите на ексклузивната зона се видливи за другите играчи. Меѓутоа, независните градови не можат да бидат видени од другите играчи, се покажуваат само припоените провинции и вазалите.
Експерт за транспорт
Вештина достапна за Императорите после зголемување на ниво Гувернер. Го зголемува капацитетот на Транспортните станици во сите поседи. Ниво 1: +5% капацитет; Ниво 2: +10% капацитет; Ниво 3: +15% капацитет; Ниво 4: +20% капацитет; Ниво 5: +30% капацитет
Елитен стрелец
Воена единица.
Градба: Касарна за стрелци
Предуслови: Напад од далечина 20, Централизација 11
• Вид: Далекострелна, Пешадија, Стрелец
• Приоритетно распоредување: Линија на стрелци
Воени способности:
+ Голем дострел: Оваа единица има 3 дополнителни Напади во Битка на поле или Напад на тврдина, пред да започне блиската борба
+ Поволна позиција: Кога е во Гарнизон, оваа единица се бори со предност за време на Напад на тврдина - Напад x 4
+ Прикриен оган: За време на Напад на тврдина, оваа единица стрела по заштитниците во гарнизон со Напад x 0.2
+ Дожд од стрели: Напад x 3 против Копјеносци
- Ранливи од Мечувалци: Против оваа единица, сите Мечувалци се борат со зголемен Напад
- Ранливи од Коњаница: Против оваа единица, секаква Коњаница се бори со зголемен Напад
- Недостаток од ракопашен бој: Напад x 0.33 против Мечувалци
- Слаб дух: Оваа единица трпи казни кога е нападната од единица за Блиска борба - Напад х 0.33
- Тул: 18 стрели; кога муницијата ќе се потроши, оваа единица останува на својата позиција додека не биде нападната во блиска борба
За повеќе податоци за единицата погледнете овде.
Елитна единица
Елитна класа воени единици. Најлесно ги бранат и напаѓаат елитните класи нивоа на Тврдини - 7, 8, 9 и 10.
Елитни единици се: елитни стрелци, фаланги, гардисти, паладини и требучети.
Еснаф на градители
Истражување кое го намалува времето за исградба на сите градби за 1.2 пати по ниво (од основното време). Еснафот на градители е 4 пати поефикасен од Архитектурата во однос на скратување на времињата за изградба. За 1-во ниво Еснаф на градители е неопходно 20-то ниво Архитектура.
Ефикасност
Мери дали [247]припоените провинции] или колонијата произведуваат со полн капацитет. Секоја наредна припоена провинција е за 10% помалку ефикасна во споредба со претходната. Ова значи дека произведува 10% помалку ресурси. За да се искористат сите провинции до полните капацитети, потребно е да се истражува Бирократија. Секое ниво Бирократија ја зголемува ефикасноста на производството за 5 %, без да надмине 100%. Од друга страна, првата основна колонија има 90% ефикасност и секоја наредна колонија е за 10% помалку ефикасна. На овој процент му е додадена половина од казната за далечина. Истражувањето Колонијална бирократија ја зголемува ефикасноста за 5% на ниво (без да надмине 100%). Возможното растојание помеѓу империјата и колонијата зависи од истражените нивоа Колонијална логистика.