Шпион  

Специјална единица.
Градба: Шпионска школа
Предуслови: Шпионажа 1

Дејствата на Шпионите се достапни во Командниот центар, мени Шпионирање.

Достапни дејства: Контрашпионажа, мисија за Шпионажа, мисија за Извидување

Вештини на единицата:

+ Контрамерки: Секој Шпион во еден Посед ја зголемува шансата за одбивање на непријателска Шпионска мисија или за прогонување на веќе инфилтрирани Шпиони
+ Шпионска мрежа: Секој шпион во една Шпионска мисија ја зголемува шансата за избегнување на Контрамерки од противникот
+ Извидник: Секој шпион во една Извидничка мисија го намалува времетраењето на Мисијата

За повеќе податоци за единицата погледнете овде.

Шпионажа  

1. Инфилтрирани шпиони во непријателска Империја со цел да земат успешен шпионски извештај којшто ги открива достапните ресурси и војска во соодветната провинција/колонија/независен град/воена станица. Колку повеќе шпиони испратите и колку повисоко ниво Шпионажа имате истражено, толку е поголема шансата за контрола над непријателот.

Шпионажата работи по нова формула, што дава еднакви шанси за успех при еднакви нивоа на истражувањата и еднакви бројки на шпионите.

За повеќе информација како работи шпионажата, кликнете овде.

2. Истражување кое ги развива разузнавачките способности на владетелот и неговите поданици. Ја зголемува шансата за успешен прием на шпионски извештај, како и шансата составот на Вашата војска во напад да остане непознат за бранителот.

Шпионска порака  

Разузнавателна порака која може да информира за неуспешните непријателски обиди за инфилтрирање или за Вашите шпиони кои биле изгонети од противничка провинција/колонија/воена станица.Пристигнуваат во бел плик и се чуваат подменито Системски во мени Пораки, означени како Шпионажа.

Шпионски извештај  

Информацијата која ја добиваат шпионите додека се инфилтрирани. Се состои од војска, нивоа на Тврдина и ресурси, достапни во шпионираната провинција/колонијавоена станица.

Штета  

Пад во животните поени на единиците заради напад од непријателски единици врз нив.